ПОРАДИ ОТСУСТВО НА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ДИРЕКТОРИ, ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА

0
480

Поради овие околности, судот рочиштето го презaкажe за 31 јануари.Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 дотогаш судскиот процес беше неколкупати одложуван.Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Обвинителството ги презентираше доказите за пожарот во модуларната болница во Тетово, на ред се сведоцитеКако што беше најавено, денеска пред почетокот на рочиштето група граѓани протестираа пред зградата на Основниот суд во Тетово барајќи ослободување од вина на д-р Бобан Вучевски. Тие истакнаа дека вистинските виновници за пожарот не се во судницата и против нив нема покренато обвинение.

Неговото влегување во судот беше поздравено со аплаузи.Граѓански протест имаше и пред почетокот на претходното рочиште, на 27 декември, кога дел од собраните во изјави за медиумите порачаа дека за пожарот не постои лекарска вина и нема логика доктор да одговара за пожар.