ОВА Е ВЕЌЕ ТАЖНО, КАКОВ РАСПАД, КАКВО ПАТОСИРАЊЕ НА ЕДЕН ПРОФЕСОР ОД УКИМ: Каракамишева ќе покрене колективна тужба против Владата поради Договорот од Преспа

0
1198

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, покренува тужба против власта за повреда на правото на самоопределување поради Договорот од Преспа. Таа ги повикува граѓаните да се вклучат во тужбата, која би била спроведена волонтерски, а судските трошоци би се покриле од донации.

Според Каракамишева во меѓународното право забранети се договори со кои се повредуваат човековите права, еднаквоста на државите, или правото на народите на самоопределување. Каракамишева најавува дека ќе ја тужи власта пред домашните и меѓународните судови.

„До сите загрижени Македонци кои ме прашаа како ќе се одвива овој процес на правна одбрана на Македонија еве ги одговорите:

1. Оваа битка нема никаква врска со ниту една партија. Оваа битка е и ќе биде надпартиска, народна и ја започнуваме веднаш.

2. Во битката ќе бидат повикани сите загрижени Македонци кои ќе имаат правна можност да ја тужат владата поради прекршување на основните човекови права кои се неприкосновени, како правото на самоопределување, правото на лично достоинство, на личен интегритет итн. како и поради прекршување на Уставот и на меѓународното право.

3. Помош ќе биде побарана ЕДИНСТВЕНО за подмирување на судските такси и трошоците на застапниците на граѓаните пред судовите, се друго ќе биде сработено волонтерски.

4. По исцрпување на домашните правни лекови постапки ќе бидат покренати и пред Европскиот суд за човекови права, Комитетот на ООН за човекови права, т.н. “1503 постапка” пред Советот за човекови права на ОН, како и преку постапки покренати до Специјалните известители на Советот на ООН за човекови права.

5. Колку повеќе луѓе се собереме во оваа акција за СПАС НА МАКЕДОНИЈА толку поголем успех ќе имаме како народ.

6. МОРАМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ СПЛОТЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКАТА МИСИЈА!

7. ЌЕ ПОБЕДИМЕ!!!“, пишува Каракамишева.