МАРИЧИЌ: ЌЕ ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО СО КОМПАРАТИВНИ ИСКУСТВА ОД ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ

0
783

“Многу конструктивен состанок, добар, разумен и со аргументи” – вака министерот за правда Бојан Маричиќ го оцени денешниот состанок за законот за државјанство што се одржа во Собранието. Се утврдило каде може да лесно да се постигне договор или согласност. Притоа останале отворени неколку прашања за кои Владата треба да обезбеди информации.

“Постигната е согласност дека треба да има предвидлив и проверлив начин на верификација дека некој ги исполнува условите за државјанство. Тоа со сведоци е опција што не влева многу доверба, тоа го нема никаде во Европа и во светот,” – посочи министерот.

Се разговарало само за предлогот на Алијанса за Албанците кој предвидува измени на постојниот закон. За нов закон не станало збор.