ЈОВАНОСКИ : НА БАРАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА ЗАД ФАБРИКАТА ЗА ЦИГАРИ СЕ ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КРАК ОД УЛИЦАТА ,,ЛЕЦЕ КОТЕСКИ”

0
1231

Освен улиците во централното градско подрачје, работиме на подобрување на патната инфраструктура во периферијата на градот, но и во населените места.

На барање на жителите од населбата под железничката пруга, зад Фабриката за цигари, започнавме со реконструкција на крак од улицата „Леце Котески“.

Станува збор за некатегоризирана улица во должина од околу 400 метра, која не може да биде асфалтирана. Од тие причини, на улицата се поставува гребен асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за живеење за жителите од овој дел на градот.

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп,  Илија Јованоски.