РЕФОРМАТОРИТЕ ГО ОТЕПАА ЦРНИ ГРУЈЧЕ СО НИВНИТЕ ЈАВНИ НАСТАПИ ПО МЕДИУМИ И ПО РАЈАТА : Петар Богојевски, кој е еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ има сомнеж дека Груевски е поткупен од Заев!

0
2150

„Процесот на стабилизација на македонската политичка сцена, не само што не е завршен, напротив се заострува“, вели Петар Богојески за Макфакс од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Богојески вели: „Поради свитканиот `рбет на Никола Груевски, кој подлегна на уцените и нападите од Зоран Заев, политичката Влада со силно мнозинство во Парламентот се повлече. На сметка на тоа, се создаде нестабилна Влада, а актуелната блокада на Парламентот е повторно силен удар врз стабилноста на политичкиот систем во Република Македонија“.

Еден од реформаторите на опозициската партија прашува дали Никола Груевски е уценет, како резултат на што, предизвикал распаѓање на парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партнери?