ЛДП: Новата влада ќе остави повеќе средства за развој на малите и средни бизниси

0
1112

На малите и средни бизниси им треба повеќе простор, за да ‘дишат’. Затоа, новата Влада ќе мора да направи промени во даночната политика, да остави повеќе средства за развој на малите и средни бизниси и да ги укине сите квази-давачки, беше нагласено на трибината на Либерално-демократската партија во Кичево, насловена “Падот на ‘Груевизмот’ – Либерални Решенија’, како дел од економските програмски политики на партијата за наредните парламентарни избори.

“На малите и средни бизниси ќе им оставиме повеќе простор да ‘дишат’, односно да имаат повеќе пари на располагање. Ќе укинеме дел од квази-давачките, а дел од нив ќе намалиме“, рече потрпретседателот на ЛДП, Јован Манасијевски, на трибината во Кичево.

Манасијевски детално го образложи пакетот од 10 мерки за поддршка на микро и малитe бизниси, меѓу кои:

Промена во системот за наплата на ДДВ, при што сите компании со годишен обрт до 20 милиони денари, данокот на додадената вредност (ДДВ) би го плаќале по извршената наплата.

“Oформување на посебен фонд за ликвидност на малиот бизнис, со почетни средства од 10 милиони евра, поради ефикасно и брзо преземање на долгувањата кон микро и малите бизниси во период до 120 дена, како и укинување и намалување на повеќе од 40 парафискални давачки (административни надоместоци, такси и разни други владини услуги), кои непотребно го гушат малиот бизнис“, рече Манасијевски.

ЛДП, во делот на економијата, предлага и формирање на 8 нови буџетски програми, во вкупен износ од 16 милиони евра за таргетирана поддршка на микро и малите бизниси.