ГЛАСОТ НА ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ СЕ ЗАСИЛУВА ПРОТИВ БЛОКАДАТА ОД БУГАРИЈА, ШЕКЕРИНСКА: ВО БИЛАТЕРАЛНИОТ СПОР СО БУГАРИЈА НЕ ЗАВИСИ САМО ОД НАС, БИТНО Е КАКО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА И ВТОРАТА СТРАНА

0
882

“Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се’ повеќе ќе расте. Видовте дека последните денови по одлуката на Бугарија, посилна е критиката што доаѓа од другите европски градови отколку разочарувањето и критиката кои оправдано доаѓаат од кај нас” – изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

“Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот, резултатите ќе дојдат. Тој тип на оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО и во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите и нивната задача” – рече Шекеринска во врска со последната блокада од Бугарија.