ПРЕМИЕРОТ НА АЛБАНИЈА, ЕДИ РАМА ГИ ЗАСИЛИ КРИТИКИТЕ КОН ЕУ: ЛОШО Е ШТО СЕ НАВИКНАВМЕ НА ФАКТОТ ДЕКА ЕУ НЕ ГИ ИСПОЛНУВА СВОИТЕ ВЕТУВАЊА КОН БАЛКАНОТ

0
796

Премиерот на Албанија, Еди Рама ги засили критиките кон ЕУ по неуспешниот самит во врска со проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан.

“Од една страна, тие (од ЕУ) веруваат дека сме подготвени да започнеме формални разговори за да се свика првата меѓувладина конференција а од друга страна, Советот на ЕУ не е во состојба да донесе одлука. Ова има врска со некои прашања поврзани со Северна Македонија и Бугарија, но за нас е доста разочарувачко. Да бидам искрен, лошото во ова е што се навикнуваме на фактот дека ЕУ од време на време не ги исполнува своите ветувања” – изјави Рама.

“Од друга страна нема одлука бидејќи ЕУ се потпира на механизам за донесување одлуки со целосен консензус и доволно е една од земјите да има проблем и во овој случај, прашањето е меѓу Бугарија и Северна Македонија и се’ е разнесено во воздух” – рече Рама.