СО ПОДДРШКА ОД САД СЕ ЗГОЛЕМУВА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА ВО ИЈЗ, ФИЛИПЧЕ: НАШАТА ЛАБОРАТОРИЈА ЌЕ БИДЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПАТОГЕНИ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ

0
631

Лабораторијата на Институтот за јавно здравје го зголемува капацитетот и станува регионален центар во кој на соодветен начин ќе се детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест, а со тоа земјава станува целосно подготвена да менаџира каква било криза која во иднина евентуално може да се појави кај нас и во регионот. Опремата во вредност од над 570 илјади американски долари е донација од САД.

“Заедно со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за микробиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Институтот е токму тој кој изминатата повеќе од година интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките, но и вработените во оваа лабораторија кои се практично 24 часа присутни целата измината година за да работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека е на соодветен начин акредитиран да детектира секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест. Тоа значи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално да не’ снајде нас но и целиот регион” – рече министерот Филипче.

На овој начин САД покажаа што значи партнерство, да се биде блиску до земјите кои соработуваат и да се зајакне трајно здравствениот систем за да може да се менаџира било каква криза.