НЕВРЕМЕТО ОТКОРНА ДРВО НА ПАРТИЗАНСКА, ПАДНА БИЛБОРД ВО АЕРОДРОМ, ЛЕТАА ЛИМЕНИ КРОВОВИ ВО ДЕБАР МААЛО

0
488

Силно невреме го зафати Скопје и притоа скрши неколку дрвја и ги блокираше улиците откако дождот ги поплави улиците.

Засилениот ветар успеа да откорне и еден билборд, а состојбата низ Скопје во моментов е хаотична.

Голем дел од возилата не можат да стигнат до крајната цел, затоа што се бараат алтернативни патишта.

ЦУК за невремето во Скопје: Досега се пристигнати стотина пријави за штети

Главно се работи за паднати дрва, поплавени простории и коловози, одувани кровни конструкции, скинати проводници и други штети

По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои го зафатија Скопје околу 16.50 часот, на телефонските броеви 112 и 195 досега има околу 100-тина пријави за: паднати дрва, поплавени простории и коловози, одувани кровни конструкции, скинати проводници и други штети, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Оттаму велат дека за сите овие пријави известени се ЈП „Водовод и Канализација“, ЈП „Паркови и Зеленило“ и БППЗ.

За паднатите кровови, на ул. „Киро Крстевски“ бр. 3 и „Михаил Чаков“ покрај БППЗ, известени се и општините Кисела Вода и Центар.

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

На терен вечерва е и полицијата. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот „Александар палас“, кај „Континентал“ и кај стоковна куќа „Мост“.