ПОПЛАВЕН И ГТЦ, СМАЧКАНИ КОЛИ И КУЌИЧКИ НА СКОПСКИ ПАРКИНГ, ВРАБОТЕНИТЕ ЕДВАЈ СПАСИЛЕ ЖИВА ГЛАВА

0
524

Кабина пред Градска болница, „вработениот едвај извадил жива глава“

„Вработениот едвај извадил жива глава“, напишала корисничка и постирала слика од срушениот објект, кабина во која се наплаќа паркингот на Градската болница во Скопје. Засега не е познато дали во времето на олујата некој бил внатре во малата кабина.

Град како зрно паѓаше во Скопје. Луња, силен ветер и молскавици го пресекоа инаку топлото попладне. „Трговски поплавен,подрумот полн со вода. Се молат надлежните да интервенираат“, напишала новинарката Менче Точи на својот фејсбук и постирала слика од ГТЦ. На лутата олуја ѝ претходеше виножито, а потоа се претвори во луња која искрши објект во кој се врши наплата на паркинг во Градска болница во Скопје.

„Вработениот едвај извадил жива глава“, напишала корисничка и постирала слика од срушениот објект.

Засега не е познато дали во времето на олујата некој бил внатре во малата кабина.