(ВИДЕО) Фрчкоски, Поповски, Река и Миноски во дебата – (Ре)визија на Рамковниот договор на ТВ 21

0
1031

Прашањето за можна федерализација на државата е шпекулација. Анализата нарачана од Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, во ниеден дел не го разгледува тоа прашање, констатираа универзитетските професори во дебата на Клик Плус на ТВ 21. Постои простор за законска интервенција во употребата на албанскиот јазик на ниво на државата. Она што недостасува е политичка волја за спроведување на договореното, сметаат тие.

„Расправајќи за тоа ние не можеме да расправаме за одговорноста на ДУИ во целава оваа приказна. Бидејќи основно прашање се поставува. Зошто сега? Тие беа глупави овој документ да не го извадат пред 5 години, или пред 10? Истите прашања и решенија стојат пред 7 години. Пред 5 години ајде кога влегле во Влада, три години да им требало за загревање, еве 5 години. Што бараат сега да ги расправаат овие работи? Потоа, они во голем дел од препораките го ревидираат сопствениот закон за јазици, па тие го предложија тој закон за јазици“ – изјави Љубомир Фрчкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=SqHlkgjhHzw

„Многу е јасен ставот 2 на амандман 5 дека јазик кој го говорат најмалку 20’ од граѓаните е исто така службен како што е определено во овој член. Разликата меѓу став 1 и став 2 значи дека албанскиот јазик не е службен на цела територија и во меѓународните односи, што значи дека кај македонскиот јазик е определено тоа и во тие области. Тоа значи дека албанскиот јазик или јазикот 20% што го говорат е службен во оние области кои се прецизирани во ставот 3, 4, 5. Од тие причини, станува збор за службен јазик“ – изјави Владо Поповски.

„Навредливо е Албанците да ги сведете на една статистичка категорија. И стој Закон и со Уставот ние креираме статистичка нација. Мислам дека неофицијализирањето на албанскиот јазик е една од точките од Охридскиот рамковен договор кој не се спроведува повеќе од 14 години“ – рече Блерим Река.

„Aко сакаме да ни стане јасно, Македонија е длабоко поделена по етнички и религиозни линии, Тоа е расцепено општество и се што се работи од 90 и 91 не оди во прилог на кохезија. Ако сакаме да имаме доверба, довербата не се гради со негирање на македонската нација и можноста на македонската нација да има држава“, потенцираше Константин Миноски.

„Зошто немате податоци колку се застапени Албанците на ниво на цела државна администрација? Никогаш не сме виделе. Затоа што тие релативно се под нивото од пред 10 години. Зошто? Затоа што на секој Албанец кој оди на прием пред камери одат тројца Македонци без камери. Релативна станува бројката. Не можете вие буџетот во културата да го спискате. 600 милиони евра на една страна за проектот Скопје 2014, а од друга страна да оставите 100 илјади евра за книги на Албанците. Тоа не може да го направите. Во ОХР има принцип на инклузивност. Мора да внимаваш како тоа да го правиш, тоа не ми е јасно. Како може ДУИ преку тоа да пројде? – вели професорот Фрчкоски.

Професорите се согласни дека отворањето на прашањето за ревизијата на Охридскиот рамковен договор во актуелната политичка ситуација поврзана со договорот од Пржино покажува дека играњето со етничките прашања секогаш е политички исплатливо.

ЦЕЛАТА ЕМИСИЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=cW2SwuDOpIE