Генералниот секретар на ИВЗ Тахири: Реисот Сулјеман е нелигитимен и стар, време ти е да си одиш!

0
881

Разговаравме со генералниот секретар на Исламската верска заедница околу неодамнешните немили настани. Господинот Африм Тахири ја потврди немилата случка во скопското муфтивство кога реисот, 69 годишниот Сулјеман Реџепи со погрдни и простачки зборови се однесувал на еден културен настан и при тоа за малку не дошло и до физички напад од него и неговиот шура инаку шофер на реисот.

tahiri

Скопскиот муфтија бил видно револтиран од постапките на реисот и побарал наградите да ги додели секретарот на ИВЗ кој тоа и го сторил за да се спаси манифестацијата, на тоа исто бурно реагирал реисот и барал од неговиот шура физички да ја спречи манифестацијата.
Денес бевме сведоци нa соопштението на Скопското муфтиство и истото го објавивме. Нови моменти се дека секретарот на реисатот изјави дека од 2011 година реисот но и тој како секретар се нелигитимни претставници на ИВЗ, само 7 муфтии кои се избрани по новиот закон се легитимни претставници на исламската верска заедница а другите го кршат законот со тоа што ги завземаат позициите.
Генералниот секретар го повикува реисот да престане со небулозите и заканите и под итно да си поднесе оставка за да се отвори пат за легитимен избор за нов реис.

Извор : Доказ