ФЕЈК ЛЕВИЦА РЕШИ ПРЕДИЗБОРНО ДА СЕ ПРОМОВИРА СО ПОДНЕСУВАЊЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ: ГО ОБВИНУВААТ ДЕКА ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ ФУНКЦИЈАТА ПОРАДИ ПОДНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ И ЛАЖНО ЦИТИРАЊЕ НА ЕУ ДИРЕКТИВИ, КОНВЕНЦИИ ОД ООН И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

0
386

Политичката партија Левица се обрати до Основното јавно обвинителство-Скопје за да поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување – казниво по чл. 353, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со можна затворска казна од 6 месеци до 3 години.

“Пријавениот се товари дека во својство на овластено службено лице, како претседател на Собранието на РМ – на 22 јули 2021 година, без да го врати на доработка и неопходно доуредување, а по претходен договор и координација со Владата на РМ, илегално го пуштил во собраниска процедура со европско знаменце, односно во брза и полна легислативна постапка, контроверзниот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија – по скратена постапка, со што на пратениците им нанел директна и индиректна штета, преку узурпација на неприкосновеното субјективно пратеничко право на говор и фактичко оневозможување на правото на предлагање амандмани од страна на народните избраници во македонскиот Парламент” – се вели во соопштението на Левица.

“На овој начин, со своето свесно и злонамерно омисивно деликтно дејствие на пропуштање, т.е. неизвршување на својата службена должност (изрично стипулирана во членовите 136 и чл. 60 од Деловникот на Собранието на РМ + чл. 18 од Законот за Собранието на РМ + чл. 67 од Уставот на РМ), спикерот Џафери намерно и со предумисла, не се грижел соодветно и должно за примената на Деловникот на Собранието, иако знаел и бил должен да знае дека Предлог-законот во никој случај не ги исполнува деловничките услови, бидејќи истиот не врши никакво усогласување со било која регулатива или директива на ЕУ, туку лажно се наведени конвенции на Обединетите нации и на Советот на Европа” – велат од Левица.