НАЈВОЗРАСНИТЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ОД ПОНЕДЕЛНИК, ФИЛИПЧЕ: СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ТЕРМИНИ ВО СЛЕДНИТЕ 2 НЕДЕЛИ

0
704

“Почнувајќи од понеделник, сите граѓани коишто се пријавиле за вакцина ќе добијат термин за имунизација. Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, односно вторник, по системот највозрасни па помлади граѓани, сите ќе добијат термин во период од следните две недели” – рече министерот Филипче.

100 илјади вакцини од производителот Фајзер кои пристигнуваат денес, ќе бидат распределени во големите центри за имунизација и тоа во 8 центри во земјата каде што има фрижидери за нивно чување. Кинеските вакцини Синовак ќе ги има и во големите и во малите центри за имунизација.

Филипче најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација. Постои понудата за достава на вакцини и од Словачка но министерот Филипче рече дека засега имаме доволно вакцини.