ТОШКОВСКИ ЗА ПАСОШИТЕ : НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО КОЈШТО СЕГА СЕ СООЧУВАМЕ Е БРОЈОТ НА ОБРАСЦИ

0
290
Обрасци за нови пасоши уште нема, потврдува техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Пунктот „Пролет“ функционира со закажани термини и нема долги редици како што тоа беше пракса изминативе денови. Тошковски најавува дека од следната недела, околу 2.000 граѓани ќе можат да се фотографират. За проблемот со обрасците кажа дека е наследен од претходно.

„Еден од клучните проблеми којшто мора да биде решен во наредниот период е производството на пасошите. Најголем проблем со којшто сега се соочуваме е бројот на обрасци кои што ги имаме во рамки на министерството и бројот на обрасци којшто претходно е нарачан согласно лошите планирања и лошите проценки од претходно затоа сме во таква ситуација. Најголемото незадоволство се создава во насока на тоа што, луѓето премногу чекаат за да биде произведен пасошот. Моментално, тоа не е вина на луѓето кои сега го водат тој процес туку е наследено од претходно“, рече Тошковски.

Без патен лист, граѓаните кои се во странство нема да можат да се вратат во земјава од понеделник. Во дипломатско-конзулатрните претставништва низ светот има наплив од македонски граѓани, по 300 луѓе чекаат во дворовите на амбасадите.