Скинете му ја главата и чувајте си ја во Виена!

0
1169

Форматот со четирите партии е смачкан на улиците во Скопје, Велес, Битола…. Штип. Али Ахмети може да ви ги чисти базените, а Никола Груевски да ги собира говната на вашите кучиња во паркот на Леополд, бе, Хан.

За што може да ви послужи третиот член на злосторничкото здружување, звани Хашим Кучук Тачи- не знам. Зоран Заев!? Не го бербатете човекот, Јоханесу (добар ли ми е падежот?!)

Значи, во Виена или на Мадагаскар, сеедно, можете да преговарате меѓу кои пршлени треба да му ја скинеме главата на злотворот.

Знам дека звучи грубо и заканувачки, обаче, тоа е. Главата можете да си ја задржите, а ако го задржите и телото- Македонија ќе ви биде благодарна. Вечно! Да живее Европа! Да живее Македонија! Да живееме ние! Пред се! Разбира се!

Бранко Тричковски
фејсбук статус