КСС: БАРАМЕ ИСПЛАТА НА ЦЕЛА ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ КОИ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНА НА РАБОТА

0
770

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска уште еднаш го повтори своето барање за исплата на 100 проценти плата за оние работници кои ќе се заразат на работното место со Ковид-19 и за оние кои се спречени да одат на работа поради изолација.

Синдикатот укажува дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да се направат дополнителни проценки на ризик на работните места со изјава за безбедност со која би се утврдиле сите можни штетности и опасности на секое работно место.