ДЕМАНТ НА СДСМ : Режимските портали на ВМРО-ДПМНЕ си пукнаа петарда во сопствената рака со најновата лага, Кочо Анѓушев не врши поткуп туку презентираат проект со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски

0
1087

Режимските портали на  ВМРО-ДПМНЕ си пукнаа петарда во сопствената рака со најновата лага

Пропадна уште еден обид на режимските портали да ја изманипулираат јавноста со лажни вести.

Имено, во нелегално снимен разговор се слуша како вицепремиерот Анѓушев и градоначалникот  Коцевски презентираат проект за изградба на патот во селото Сливник, која што е децениска потреба на локалното население и  ветување кое денес е во фаза на реализација  со механизација на терен.

Наспроти заканите на ВМРО-ДПМНЕ со завршување во  ендеци, Владата предводена од СДСМ гради историски проекти од витално значење за граѓаните.

Дека проектите кои ќе ги вети Владата на граѓаните се остваруваат на дело потврдува фактот дека вицепремиерот Анѓушев изминативе две години три пати го посети Сливник. Првиот пат вети пат, вториот пат однесе проект, третиот пат врши увид во изградбата, а четвртиот пат ќе биде кога ќе се пушти во употреба патот.

За разлика од него, режимците на ВМРО-ДПМНЕ со години одеа во Сливник да вршат притисоци, да уценуваат. Се правеа само пат не изградија.

Во разговорот кој го пласираше режимскиот портал, никаде нема закана, ниту уцена, спротивно велат дека сервисот за кој им е дадена доверба ќе биде завршен секако.

Во ниеден случај не велат “ќе гласате за нас, или нема пат” туку велат “ако пропаднат изборите, може да има предвремени и тогаш ќе пропадне се”. Што од друга страна фактички е точно, со оглед дека ако е спротивно ќе немаат можност да го реализираат тој проект.

Фактите на терен се неоспорливи, денешниот увид покажува дека патот е скоро направен и дека  зборот е збор, се гради  инфраструктура за целото население, без оглед на тоа што претседателските избори се добиени.

Владата предводена од СДСМ  за разлика од ВМРО-ДПМНЕД  кои само ветуваа, ги исполнува своите ветувања, а самото отсуство на пат во Сливник покажува дека само ги лажеле граѓаните.

Јавноста памети од снимките на ВМРО-ДПМНЕ како изгледаше влечење за уши и закани со ендеци односно експлицитна закана за глас.