На социјалните мрежи се прошири нов револуционерен предизвик – „НаполниГоШишето“ со кој луѓето ширум светот ја креваат свеста за чистењето на планетата од фрлени отпушоци.
Неодамна, вирално се прошири фотка со натпис „планетата не е пепелник“, а кутијата наполнета со отпушоци собрани од само една грчка плажа кажува многу…
Со цел да се подигне свеста за загадувањето на планетата, група студенти од Франција го започнале предизвикот со цел луѓето ширум светот да се охрабрат и да помогнат во чистењето и собирањето на фрлени отпушоци по улици и плажи.
Идејата за ова движење започнала од Амел Талха, која била инспирирана од Твитер фотка на нејзин пријател на која пишува – „Ми беа потребни 20 минути за да наполнам шише од 1 литар со отпушоци фрлени во област од не повеќе од 50 метри. Ова е сериозно…“
Од Бугарија и Швајцарија до Јужна Африка и Тахити – луѓето преземаат нешто околу овој проблем.
Ќе се прошири ли овој револуционерен предизвик и кај нас? Спасете ја планетата – наполнете го шишето: