ФРАНЦИЈА ЌЕ ФИНАНСИРА ПРОЕКТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОБРЗО ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕУ

0
286

Регионалниот директор на Француската агенција за развој на Западен Балкан, Доминик Отберг ја презентираше новата стратегија за поголемо присуство на Франција и за побрз економски и социјален развој на Северна Македонија што ќе ја отвори побрзо вратата во Европската унија.

Според Отберг, Агенцијата ќе располага со фонд од две милијарди евра за целиот регион или на годишно ниво ќе финансира проекти во вредност од 200 до 300 милиони евра. Тие пари ќе бидат дадени како буџетска поддршка на владите за спроведување на јавните политики во економијата, социјалната заштита, урбаниот развој, животната средина, за енергетската ефикасност, родовата заштита и слично, за да донесеме соодветно законодавство при преговорите за различни подрачја.

Амбасадорот Сирил Бомгартнер дополни дека Франција сака да е поприсутна во нашата земја и дека за таа цел потпишале договор со нашата влада кој ќе им овозможи да почнат со активностите веднаш.

“Железото се кове додека е жешко. Сакаме да ја покажеме нашата желба за конкретна соработка” – порача амбасадорот. Целта на стратегијата е воспоставување вистинско партнерство на патот на евроинтеграциите.