ЕУ МОРА ДА ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА, ГЕРМАНСКИОТ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ФЛЕКЕНШТАЈН: ЕУ ТРЕБА ДА НАЈДЕ НАЧИН КАКО ДА СЕ СМЕНИ ПРАВИЛОТО ЗА КОНСЕНЗУС ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА

0
1263

“Советот на ЕУ мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Северна Македонија испорача, а и Албанија исто така и сега редот е на Европската Унија” – во интервју рече Кнут Флекенштајн, германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент. Член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е дел од Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тој беше и еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот во земјава, со цел подобрување на политичкиот дијалог.

Тој посочи дека ЕУ треба да размисли како да ги смени правилата на одлучување со консензус бидејќи е штетно една влада да ги спречи останатите 26 членки и да го блокира целиот регион.

“Навистина се надевам на преговори бидејќи Северна Македонија го заслужува тоа. Спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија е билатерален и не треба да биде дел од дискусиите во врска со меѓувладината конференција. Дознав дека речиси и да бил направен пробив, но тоа не било доволно за време на претходното претседателство. Ако словенечкото претседателство продолжи во таа насока и ако имаме силен комесар кој навистина е посветен и Европскиот парламент кој секогаш бил на страната на Северна Македонија, тогаш може да се надеваме дека може да има прогрес” – оптимистички тврди Флекенштајн.