ЈОВАНОСКИ : ВИСОКИОТ СТЕПЕН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ, НИ ДАВА ПРАВО СЛОБОДНО ДА КАЖЕМЕ ДЕКА СДСМ Е НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА

0
862
На маалска средба со жителите од урбаната зедница Корзо, која се одржа во комлетно обновениот парк во „Врбејско маало“, разговаравме за реализираните и тековните проекти со кои го подобруваме животот на сите граѓани во општина Прилеп.

Дневниот центар за лица со церебрална парализа, реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, изградбата на мостот на Градската река, комплетната реконструкција на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, се само дел од капиталните проекти кои потврдуваат дека работиме за доброто на сите граѓани во нашата општина.

Следната среда, во рамки на проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“, на задоволство на сите прилепчани, ќе биде ставен во функција новиот спортско – рекративен центар, со кој покрај Вештачкото езеро ќе профункционира комплексот со патеки, летниковци, мултимедијален простор и спортски игралишта.
До месец ноември, ќе биде готова новата, современа детска градинка во населбата „Точила“, во која ќе бидат згрижени 252 деца.

Тоа е уште еден доказ дека си стоиме на дадениот збор и трајно го решаваме проблемот со недостиг од капацитети за згрижување на најмладите во нашата општина.

Високиот степен на реализација на ветените проекти, ни дава право слободно да кажеме дека #СДСМ е најдоброто за нашата општина.
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.