ОВОЈ ИСПАДНА МАКЕДОНСКИОТ АЛ КАПОНЕ: Камчев пред да го приведат дознал дека ќе има претрес и скрил мобилен телефон, го заклучил во сеф и не ја кажувал шифрата!

0
1260

Врховните судии Јово Вангеловски, Џемали Саити, Шпенд Деваја, Рахилка Стојковска и Африм Фидани, одлучија да ги прифатат жалбите на обвинетите Цветан Панделески, Орце Камчев  и Ненад Јосифовиќ во однос на решението на скопска Апелација и „веднаш“ да им го укинат домашниот притвор објавено е на веб стрницата на Врховниот суд.

СЈО сметало дека сè уште постојат околности за домашен притвор и побарало таков притвор поради видот и тежината на кривичните дела за кои постои основано сомнение дека ги сторил обвинетиот, висината на предвидената казна и истрагата што сè уште е во тек.  СЈО образложило дека Камчев пренел парични средства преку плаќање фактури за фиктивни обврски, има двојно државјанство и имот во Бугарија.

„Обвинетиот и други правни лица под контрола на групата поседуваат и други правни лица во повеќе земји, како и повеќе офшор-компании преку кои се вршело перење пари. Во досегашниот тек на истрагата се сослушани голем број сведоци, но потребно е да се изврши распит уште на голем број сведоци со оглед дека е опфатен голем временски период“, пишува во образложението на СЈО.

Во извршувањето на дејствата Камчев дејствувал заедно со осомничениот Срѓан Керим, кој веднаш по првиот распит, ја напуштил Македонија и сè уште не е вратен бидејќи има и хрватско државјанство, а во дејствата учествувала и обвинетата Јана Станисављева.

„Околноста дека обвинетиот во текот на предистрагата пред да биде лишен од слобода по претходни добиени сознанија од Н.Ј. и С.М., дека во неговиот дом ќе се врши претрес, скрил предмети што биле во неговиот сеф, како мобилниот телефон, факт потврден и од сведокот З.М., што укажува дека доколку би бил пуштен да се брани од слобода, ќе ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоци и соучесници“, се наведува во образложението на СЈО.

Адвокатите на Камчев, пак, навеле дека е сторена повреда на одредбите од Законот за кривичната постапка и е постапено спротивно на начелото на акузаторност и официјалност, а се повикале и на начелното правно мислење на Врховниот суд. Во образложението на адвокатите е наведено дека Камчев е бизнисмен што раководи со успешни компании во Република Северна Македонија со 3.000 вработени лица, ужива углед на успешен човек, кој не се занимава со криминални дејства.

Врховниот суд во решението за Камчев навел дека одредбата за СЈО во постојниот закон е јасна за спроведување на истражните дејства: „Доколку не поведе обвинение во опредлениот рок, Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, треба да нареди запирање на истражната постапка не само од причини што би било нецелисходно за водење истрага за предмет во кој органот што ја води истрагата го пропуштил рокот за поведување обвинение, следствено на што не може да поведе обвинение, туку и за тоа што се работи за императивен законски рок, кој не може да се продолжува по која било основа“.