ДОЦ. Д-Р БОБАН КАРАПЕЈОВСКИ, НОСИТЕЛ НА ЛИСТАТА ВО ИЕ1 : ЌЕ ОБЕЗБЕДИМЕ ВРАБОТУВАЊЕ НА НАЈДОБРИТЕ 200 СТУДЕНТИ, КАКО И СТИПЕНДИИ ОД 500 ЕВРА МЕСЕЧНО

0
42
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан
Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена
„Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се
образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и
просперитетна држава.

„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша
Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на
вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со
кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето
функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот
постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е
предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до
100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му
го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.

Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во
износ од 500 евра месечно, а  за најдобрите двесте студенти вработување
во научните и во институциите на системот.

„Партиските вработувања мора да запрат!

Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На
универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за
најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните
универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече
тој.

Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со
модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем
што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај
учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на
финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите
наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме
доставени до учениците.

Во консултација со стручњаците и универзитетските професори од областа,
ќе спроведеме вистинско инклузвно образование, како во другие земји во
Европа и во светот.

Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се
зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да
објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од
најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за
таканаречните национални дисциплини.