ЕКС ПРАТЕНИКОТ МАРЈАН ДОДОВСКИ ПОЧИНА НА 55 ГОДИНИ ПОРАДИ КОМПЛИКАЦИИ ОД КОРОНА

0
1835

Поранешниот министер за екологија и екс пратеник, Марјан Додовски, почина во Клиничкиот центар во Скопје на 55 години. Причината за смртта се компликации поради коронавирус.

Тој беше во раководството на Движењето на екологистите на Македонија, а потоа влезе во политиката во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година како заменик-министер за животна средина. Потоа стана и министер во тој ресор.

Во времето на поделбите во партијата, ја напушти ВМРО-ДПМНЕ во 2004 за да стане дел од ВМРО-Народна и стана член на нејзиното раководство. Подоцна, во 2012 година се врати пак во ВМРО-ДПМНЕ.

Беше пратеник во Собранието во мандатот 2006-2008 година. Претходно беше член на Советот на Град Скопје.