ВМРО-ДПМНЕ БЛОКИРА ИСПРАЌАЊЕ НАШИ ДИПЛОМАТИ ВО ОБСЕ, ОСМАНИ: ОД ОПОЗИЦИЈАТА БАРАМЕ ПОДДРШКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МИСИЈАТА ЗА ПРЕТСЕДАВАЊЕ СО ОБСЕ А ТИЕ НЀ БЛОКИРААТ СО 180 АМАНДМАНИ

0
810

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот за измена на еден член од Законот за надворешни работи, кој дава ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ.

Според тој член, за еден дипломат да замине на мисија, треба од завршувањето на претходната мисија, да има престој од 24 месеци во Министерството за надворешни работи до следниот мандат во странство.

“За да го објаснам контекстот, за да се испратат дипломати на тригодишен мандат, покрај другите критериуми, треба да исполнат уште еден критериум, а тоа е 2 години најмалку да биле во Скопје во МНР од завршувањето на претходниот мандат. Значи 24 месеци требало да поминат од враќањето од претходниот мандат. Бидејќи претседавањето со ОБСЕ е вонредно, една вонредна специјална мисија во која што дипломатите ќе одат не на цел мандат туку на 14-15 месеци и за да не бидеме ограничени во изборот на дипломати кои што ќе ги испратиме, затоа пратениците, откако им ја објаснивме оваа проблематика, предложија измени на еден став, односно за претседавање како што е ОБСЕ, односно за вакви специјални мисии, да не важи ограничувањето 24 месеци” –  изјави Османи.
И покрај тоа што опозицијата била информирана навреме, сепак поднела 180 бесмислени амандмани.