Сомнеж за плагијат на новата банкнота од двесте денари?

0
1475

Злоупотребени се моите авторски права за дизајнот на банкнотата од двеста денари. Вака сликарот и дизајнер Златко Глигоров, за телевизија Телма, го коментира победничкото решение на банкнотата од двеста денари, која Народна банка на Македонија се очекува да ја пушти во оптек од крајот на годината.

200_den_lice_nova_verzija-540x325

Тој појаснува дека на конкурсот 2013 година,понудил решенија за новите банкноти од двеста и две илјади денари. Се сомнева дека од лицето на неговата двесте денарка со мотив од четириесет и првиот Давидов псалм и од опачината на две илјадарката каде тој го аплицирал прозорецот од тетовската Шарена џамија, Народна Банка иако ги одбила неговите решенија, направила конструкција за новиот дизајн на банкнотата од двеста денари.

– Провидноста и сечењето, монтирањето мое, после си го гледам во победничкото, но не вакво, туку само раширено, зголемено- вели уметникот.