(ВИДЕО) Заев им одговори на НЕСТРПЛИВИТЕ : Не би сакале да се повтори 24 декември, не ги кажуваме тактиките на партијата

0
1908

,,Постојат многу алтернативи, не ги кажуваме тактиките на партијата бидејќи може да предизвикаат чекори од нашиот опонент па тоа да доведе до несакани состојби. Но, отворено зборувам дека не би сакале да се повтори 24 декември или нешто што е згрозувачко за македонската јавност. Видовме на што се подготвени ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери,“ изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за „24 вести“ на прашањето за кои се можностите за решавање на политичката криза.

Заев смета дека „парламентарното мнозинство има право и обврска да си преземе одговорност за водењето на Парламентот преку избор на претседател од своите редови.“

Лидерот на СДСМ го повтори партискиот став дека „нема амнестија на криминалот, ниту нови парламентарни избори и Груевски мора да ја предаде власта“.

Тој сакал заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, в понеделник да биде пречекан од нов претседател на Собранието.