РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ОДЛУЧИ ГОРИВАТА ДА ПОСКАПАТ ЗА 1,5 ДЕНАРИ/ЛИТАР

0
962

Цената на горивата од полноќ ќе се зголеми за 1,5 денар по литар, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Зголемувањто на малопродажните цени на нафтените деривати ќе биде во просек за 2,17%.

Новата малопродажна цена на БС-95 изнесува 75 денари/литар, БС-98 ќе се продава за 77, а дизелот за 65,5 денари/литар како и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
За 0,85 денари/килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,21 денари.