ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ БЛОКИРА, ДАФИНА СТОЈАНОСКА ГЛУПАВО МАНИПУЛИРА: СОБРАНИЕТО Е НЕФУНКЦИОНАЛНО, БАРАМЕ НОВО МНОЗИНСТВО И ЕКСПЕРТСКА ВЛАДА ИЛИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

0
1026

Во пратеничката дебата на “Топ тема” на тв Телма, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска покажа класично лицемерие и политичка шизофренија обвинувајќи го СДСМ за задоцнетото усвојување на петтиот пакет мерки. Тврдеше дека постојано поддржувале економски мерки во корист на граѓаните и реалниот сектор иако постојано кочеа и блокираа сѐ само за да купуваат време и народот да биде револтиран. Како бледа теза спомна дека за средбата со Заев, иницијатор бил нејзиниот лидер Мицкоски бидејќи ВМРО-ДПМНЕ наводно била совесна и загрижена партија за доброто на граѓаните на Македонија. Таа упорно повторуваше дека во Собранието се форсирале закони кои што биле наменети за ќар на семејството Заеви и лојалните функционери на премиерот Заев а во втор план паднале мерките за помош на граѓаните и оние битни закони за хармонизирање на македонското законодавство со европското.
Во овој пратенички мандат, тврдеше дека на 43 пленарни седници најактивни биле опозициските пратеници со 250-тина пати јавувања за збор а владеачкото мнозинство само 73 пати се јавило за збор на собраниска говорница. По нејзино мислење, СДСМ и ДУИ немаат кворум за работа, мнозинството им е нестабилно и така Собранието станало нефункционално. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат доволно свест и совест да почнат да си ја заработуваат платата со присуство и активно учество на комисиските и пленарните седници туку и натаму само ќе се потпишуваат за присуство и ќе ја напуштаат главната сала со цел власта сама да ги тера процедурите до крај иако Заев и Мицкоски се договорија за целосна и безусловна деблокада.
Поради вештачки предизвиканата нефункционалност, Дафина Стојаноска рече дека ќе се обиделе пак да оформат ново парламентарно мнозинство, да го принудат СДСМ на експертска Влада и потоа да се оди на брзи парламентарни избори на кои што таа е убедена дека ВМРО-ДПМНЕ со нула коалициски капацитет би можела да победи.