(ВИДЕО) Заев на ЦО на СДСМ: Многу скоро очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада!

0
1205

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги поздрави достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, што резултираат со отворена можност за формирање на новата Влада на Р.Македонија, известуваат од партијата.

  • Многу скоро, очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада. По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели, повикал Заев.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ едногласно е утврден датумот на редовниот 22. Конгрес на СДСМ.

ZaevCentralenOdbor1_1 ZaevCentralenOdbor2_1 ZaevCentralenOdbor3_1 ZaevCentralenOdbor5_1 ZaevCentralenOdbor7_1