На пратеничката дебата во “Топ тема” на тв Телма учествуваше и пратеникот на СДСМ, Диме Велковски. Во неговото излагање, се потруди да ѝ објасни на јавноста дека опозицијата реално не била заинтересирана за помош на граѓаните и фирмите бидејќи не гласала ни за буџетот во кој што беа предвидени и пари за ублажување на последиците од корона кризата и неопходните рестрикции. Го разоткри и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ која што намерно не ги закажувала комисиите за финансирање и буџет но и за социјала преку кои што одеа најголем дел од економските и антикризни мерки досега.
Пратеникот Велковски ја критикуваше опозицијата и за саботирањето на здравствените мерки и протоколи, непочитувањето на тие одлуки со организирање разни масовни собири за канализирање на незадоволството од внатрепартиската безидејност и голата борба за власт.
Инсистираше дека СДСМ е спремен да стори сѐ во своја моќ за да не дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги кочи мерките за помош на граѓаните и стопанството во контекст на доведувањето на двајцата пратеници во скафандери за гласање притоа не загрозувајќи го здравјето на другите пратеници.
Истовремено ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја тестира поддршката на Владата во Собрание со поднесување на интерпелација. СДСМ ќе продолжи да ја води државата напред, а граѓаните нека си проценат кој ги кочи сите процеси неопходни за развој и надминување на корона кризата.
ПРАТЕНИКОТ ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ВМРО-ДПМНЕ: ПОДНЕСЕТЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПАК ЌЕ СЕ УВЕРИТЕ ДЕКА МНОЗИНСТВОТО НА СДСМ И ДУИ Е СТАБИЛНО
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ