СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА ГО ДОЗАКОПА НЕГОВИОТ НАЈДОБАР ДРУГАР : БОКИ 13-КА ИМА ПАРИ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА БАБА МУ ЕВГЕНИЈА

0
893

Сергеј Варполија, соработникот на Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ како сведок истакна дека обвинетиот бил материјално обезбеден од наследство од неговата баба Евгенија.

Стилистот рече дека Боки 13 му бил другар 15 години и дека ги познава Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Јордан Камчев, како и Зоран Милевски Кичеец, осуденикот од „Рекет“ кој веќе ја призна вината.

-Ана Камчева ми е позната бидејќи ми била клиентка, а Зоран Милевски го знам од град, а подобро од 2018 година кога почна интензивно да доаѓа во 1ТВ и интензивно се дружевме. Речиси секој ден доаѓаше во телевизијата, а и во домот на Јовановски. Одевме на ручеци, вечери, кажа Варошлија.

Камчева и Милевски дошле заедно во телевизијата, а еднаш се разминале во домот на Јовановски, додека никогаш не ја видел поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

За скапите брендирани парчиња рече дека често шоуменот ги добивал од луѓе од модниот бизнис во знак на почит.

– Често патувајќи среќаваше многу познати луѓе од модниот бизнис. Поради својата различност и често беше поканет на разни ревии и промоции. Често му подаруваа парчиња облека зашто го сметаа за инфлуенсен балкански лик, изјави Варошлија.

За денот кога Боки 13 беше уапсен рече дека оделе на одмор заедно, одговарајќи на прашањата на адвокатот Сашко Дуковски.како сведок повикан од одбраната на Јовановски.

Инаку по неколку неуспени обиди, дефинитивно како сведоци повикани од одбраната на Јовановски нема да сведочат бизнисмените Владимир Тодоровиќ, како и Дејан Панделевски и Јовче Ременски. Тие беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.