ДВОЈНИ АРШИНИ НА ВМРО-ДПМНЕ, ВЛАДО МИСАЈЛОВСКИ: ВЛАСТА НЀ СТАВИ ВО ОПАСНОСТ ПОРАДИ ДОАЃАЊЕТО НА ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД ИЗОЛАЦИЈА АМА ЌЕ СИ ПРАВИМЕ ПАРТИСКИ СОБИРИ ПРОТИВ ФИЛИПЧЕ

0
786

Во емисијата “Што не е јасно?” гостуваше пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што глумеше загриженост за здравјето на народот во текот на корона пандемијата.
Ги обвини министерот за здравство, Венко Филипче и КЗБ за воведување селективни мерки за борба против короната и за неспособност во набавката на вакцини. Сето тоа го спинуваше како небаре министерот Филипче од граница да ги враќал пратките со вакцини со месеци.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е позната во јавноста поради непочитување на ниту една мерка досега, сега и Мисајловски глумеше загриженост за страдањата на народот кој што морал да седи дома додека му умирале блиски и не можел соодветно да си ги погребува. Но тој не пропушти да каже дека и натаму ќе си прават масовни партиски собири против министерот Филипче со цел да прикажат катастрофално менаџирање со здравството.
Потоа ја обвини Владата на СДСМ дека уште од почетокот на мандатот, ослободувала тешки криминалци, потоа функционерите се дружеле со такви лица на разни собири и така СДСМ преминала наводно во мафијашка партија.
Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ се повикува на некаков народ за поддршка со цел да го срушат СДСМ. Очигледно ни Мисајловски не може да се помири со реалноста дека народот му сврте грб на екс режимот и дека груевизмот е погубна тактика за барање доверба и поддршка на избори.