АЛБАНСКИОТ ПРЕМИЕР ЕДИ РАМА СЕ ПОЖАЛИ НА КИБЕР НАПАДОТ ОД ИРАН

0
494

Албанскиот премиер Еди Рама го повика Собранието на Обединетите нации да го зголеми својот фокус на кибербезбедноста.

Шефот на албанската Влада во текот на својот говор истакна дека Албанија во мирно време била нападната од Исламската Република Иран, со цел да ги парализира јавните услуги и да ги украде податоците.

Тој додаде дека Албанија како одговор ги прекинала дипломатските односи со Иран и предупреди дека таков став ќе има кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции.

– Генералното собрание на ОН да се фокусира на кибербезбедноста. Во јули Албанија стана цел на масовен кибернапад. Јасната намера беше да се парализира јавниот сервис и да се украдат податоци. Продлабочената и долга истрага потврди дека нападот, со кој сакаше да се фрли на колена суверена земја, го изврши Исламската Република Иран. Ги прекинавме дипломатските односи со Иран а тоа ќе го примениме кон секој кој поддржува или спонзорира такви акции, рече Рама.