БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНЕВ ПО СРЕДБАТА СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: НЕ ПОСТИГНАВМЕ ДОГОВОР ДЕНЕС НО ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДАМЕ ПРЕДЛОЗИТЕ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА

0
878

Премиерите Стефан Јанев и Зоран Заев не постигнаа денес решение за спорот, но и двајцата сакаа да бидат оптимисти дека е можно побрзо да се дојде до него. Релаксиран, бугарскиот премиер Јанев најави дека заедно со премиерот Заев ќе го гледаат фудбалскиот натпревар денес и ќе навива за Северна Македонија.

Пред најавената средба, бугарското Министерство за надворешни работи објави дека нема услови Софија да поддржи почеток на преговори со нашата држава на 22 јуни. На прес-конференцијата бугарскиот премиер Јанев рече дека има добра атмосфера во политичкиот дијалог и затоа се надева дека решението за спорот ќе се постигне.

Премиерот Заев пак најави дека заеднички ќе имаат и вечера и дека тоа е можност за креативност и инвентивност во барањето излез од ситуацијата. Бугарскиот премиер Јанев соопшти дека македонската делегација дошла со конкретни предлози и дека нив ќе ги разгледуваат следните денови.