ВМРО-ДПМНЕ НЕ УСПЕА ДА САБОТИРА СУДСКИ ПРОЦЕС, ДКСК ОДЛУЧИ ДЕКА ПОРОТНИКОТ САНДЕВ НЕМА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ

0
761

Антикорупциската комисија смета дека нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев, иако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е член на партијата на пензионерите и коалициски партнер на СДСМ.

Антикорупциска наведува дека политичката определба не може да биде критериум за разрешување на поротник од функцијата. Комисијата упати апел до сите политички партии да не ги злоупотребуваат и да не манипулираат со нив во пресрет на локалните избори.

“Во конкретниот случај за кој политичката партија укажува, ДКСК не утврди прекршување на одредбите за судир на интереси согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Исто така ДКСК констатира дека во Законот за судовите и Етичкиот кодекс за судиите и судиите-поротници не постојат јасни и прецизни критериуми за избор и ограничувања на судиите-поротници” – се вели во мислењето на ДКСК.

Државната комисија изјави дека судијата-поротник понатаму во своето постапување и извршување на своите должности, потребно е да постапува согласно начелото на интегритет и во вршењето на своите обврски е должен да внимава на евентуален судир на интереси и не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси.