БУГАРСКОТО ВЕТО СОЗДАВА ВАКУУМ И НЕСТАБИЛНОСТ НА БАЛКАНОТ, ШЕКЕРИНСКА: ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ Е НАШАТА ВТОРА СТРАТЕШКА ЦЕЛ КОЈА ШТО МОРА ДА СЕ ОСТВАРИ

0
204

“Членството на Северна Македонија во НАТО е резултат на храбри одлуки. Верувам дека на фронтот на ЕУ треба да има геополитичка политика, а тоа за Балканот е проширувањето и тоа беше рецепт кој беше успешен” – истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панел-дискусија на форумот ГЛОБСЕК во Братислава.

Блокадата од Бугарија пред почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ креира вакуум што ја отвора вратата за старите сценарија кои ништо добро не му донеле на Балканот и на Европа.

“Кога станавме членка на НАТО и ова беше војна која оние кои се обидуваа да нè спречат, ја изгубија, тие не губеа време, тие веднаш се свртеа кон другата цел – ЕУ, поткопувајќи го членството кон ЕУ и испраќајќи силна порака низ Балканот дека на Западот не смее да му се верува. Видовме ехо во Белград, Приштина, Сараево па дури и Подгорица, дека во Северна Македонија направија големи реформи, дојдоа до решение со Грција по 3 децении, влегоа во НАТО, но видете со ЕУ: тие не ги исполнија своите ветувања” – рече Шекеринска.