ЛАТАС: ПСИХИЈАТАР ТРЕБА ДА УТВРДИ ЗОШТО И КАКО СЕ СМЕАМ ЗА СЛУЧКАТА ВО ФИЌОТО! ЛАЗАРОВ: ТОА ШТО СЕ СМЕЕВ ДОДЕКА ЛАТАС ЗБОРУВАШЕ ЗА СЛУЧКАТА ВО ФИЌОТО НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПОДРЖУВАМ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ?!

0
821
Новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров денеска во Основниот кривичен суд порачаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Новинарот пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е тенденциозно.

– Какво е тоа смеење и кои се целите на тоа смеење, што спаѓа во рамки на друга струка за која вообичаено и во процеси на клевета, се бара мислење од стручно лице психолог или психијатар кој оценува дали и какви смеење има, изјави Латас. Тој нагласи дека тоналитетот на неговото смеење бил ист низ целата емисија. Лазаров, исто така, изјави дека не се чувствува виновен.

-Самите две минути, според мене, се извадени од контекст. Сметам дека треба да се помине целата емисија за да се увиди мотивот на гостинот. Искажан став не значи и искажана ситуација која што се случила некогаш во неговиот живот, а моето смеење на истата не значи дека оправдувам и промовирам насилство врз жени – рече Лазаров.

Наслов : Мактел.МК