ФОТО: Градоначалникот Митко Јанчев под директни закани од Емил Јакимовски – Гусарот

0
1574

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев деновиве е под канонада од вулгарни напади и сериозни закани од Емил Јакимовски, познат и под прекарот Гусарот. Откако во јавноста излезе информацијата за нападите врз новинарката Мери Јордановска, градоначалникот Јанчев, во знак на солидарност, ги споделил записите од заканите што деновиве ги добивал од Јакимовски, со Ненад Јовановиќ, колумнист на Слободен печат и граѓански активист, со цел тие да бидат испратени и објавени на FRONTLINE.MK.

Емил Јакимовски е поранешен блогер, новинар, член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во Централниот регистар на Македонија.

Како што може да се забележи од фотографиите што ги приложи градоначалникот Јанчев, се гледа дека Емил Јакимовски му се заканува на Јанчев дека за неколку месеци ќе лежи во затвор, дека ќе му ги земат лиценците за работа на неговите компании.

Личните податоци на испраќачот овде се прикриени, но во оригиналните пораки што ни е даден на увид, јасно се гледа идентитетот на испраќачот. Оваа закана е испратена во вечерните часови на 31 декември 2019.

Говорот на омраза и директните закани провејуваат во сите слајдови што ги добивме од градоначалникот Јанчев.

Уште една од многуте заканувачки пораки од Емил Јакимовски кон Митко Јанчев, оваа е само неколку часа подоцна по претходната (погоре)

На еден друг слајд, прикажана е фотомонтажа од Зоран Заев без коса, и повторно следи закана од Емил Јакимовски до Јанчев: „И тебе вака ќе те шишаме…“

Материјалот кој беше споделен со нашата Редакција е ужасно непристоен и преполн со говор на омраза.

Една од долгата серија закаувачки и навредливи пораки од Емил Јакимовски кон градоначалникот Митко Јанчев.

Во една од пораките, Јакимовски открива едно убедување што веќе е раширено меѓу поддржувачите на оваа клика што сее омраза и закани.

Ама курац сеа полицијата е наша, а ти ќе го јадеш курот. – му пишува Јакимовски на Јанчев во една од многубројните пораки со говор на омраза.

Со споделувањето на оваа комуникација, како што истакна градоначалникот Митко Јанчев во изјава за FRONTLINE.MK, тој ја изразува својата солидарност и поддршка за новинарката Мери Јордановска и за сите што се мета на говорот на омразата