ОСМАНИ : БУГАРИЈА ИСПРАТИЛА ИЗЈАВА ЗА ЈАЗИКОТ УШТЕ ВО 2017 ГОДИНА, НО НИКОЈ НЕ НИ КАЖАЛ

0
1208
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес конференцијата со португалскиот шеф на дипломатијата Гомес Кравињо, истакна дека  Бугарија уште во 2017 година испратила унилатерална изјава за македонскиот јазик во ОН, но јавноста воопшто не била известена за тоа.
„Унилатерална нота за македонскиот јазик со иста содржина Бугарија има испратено  во 2017 година во Обединетите нации, веднаш штом се потпиша Преспанскиот договор и веднаш штом се впиша македонскиот јазик во картата на светските јазици, но за тоа не била известена јавноста кај нас.Сега се прави тоа и во ЕУ,  каде што за првпат ја пратиле таа нота во 2018 година, но нема никакво правно значење бидејќи Софија гласаше за Преговарачката рамка во која нашиот јазик е чист“, изјави Османи.