ЕЛИТНАТА ЕРГЕЛА НА СВАРОВСКИ СУДИИ РЕД СЕ РЕДАТ ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРАТ НА БАТЕ САШЕ : Отфрлено барањето на СЈО за изземање на судијката за „Трезор“, чиј девер е поврзан со „Финзи“

0
1593

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“.

„Постапувајќи по барањето на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за изземање на судија на претходна постапка кој треба да одлучува по предлог на истото обвинителството за определување мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО познат како „Трезор“, Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое барањето се одбива бидејќи не се основани причините за изземање на судија кои СЈО ги навел во своето барање“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

СЈО има право на жалба во рок од 3 дена до Апелацискиот суд – Скопје на одлуката на Основниот суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на една од судијките на претходна постапка за предметот „Трезор“, затоа што нејзиниот девер е вработен во правно лице со кое правното лице „Финзи“ е во должничко-доверителска релација. Судијката на претходна постапка, за која СЈО побара изземање, го добила барањето за определување мерки на претпазливост – одземање пасоши, за тројца осомничени во „Трезор“.

Ова беше трето барање за изземање судија од страна на СЈО, а и претходните две беа одбиени како неосновани.