БУГАРИЈА ВО НЕБРАНО ПО ПРИТИСОКОТ ОД САД: ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНЕВ НА СРЕДБА СО ГРЧКИОТ АМБАСАДОР ЗА СПОРОТ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
872

“Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока” – изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија, Димитрис Хронопулос.

Грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција. За време на средбата било нотирано дека двете земји се стратешки партнери и се разговарало за начините за продлабочување на стратешките односи преку интензивен политички дијалог и усогласени напори за билатерални, регионални и меѓународни прашања.