ДА ГО РАЗВИВАМЕ ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА ОДНОСИТЕ СО РОМАНИЈА, БЕКТЕШИ: ВЛАДАТА КРЕИРА ПРЕДВИДЛИВИ ПОЛИТИКИ ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИТОРИТЕ

0
653

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт имаше работна средба со романскиот министер за економија, претприемништво и туризам, Клаудиу Насуј. Средбата се одржа во рамки на настанот “Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија” како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи “Недела на македонски производи” во Букурешт.

“Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес” соопшти Министерството за економија.

Романија е 10-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.

Министерот Бектеши изразил очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период, дополнително ќе се продлабочува и Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската унија.

Министерот Бектеши го информирал својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочил дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на подобра деловна клима во земјата.