СТОИЛКОВСКИ : СДС ВО СЛОБОДЕН ПАД ВАДИ ФОТОГРАФИИ КОГА КОВАЧЕВ ИМ БЕШЕ “БРАТ” И “ЉУБАВИ”, ДАЛИ И СЕГА МАНИПУЛИРААТ ВО СОРАБОТКА СО НЕГО?

0
269

Пресконференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, 
 
СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.
 
Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.
 
СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”. И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев.
 
Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година.
 
А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?
 
Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.
 
Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред.