БИЛАЛ КАСАМИ ЌЕ ПОСТАВУВА БРОЈЧАНИК СО ТЕКОВЕН ИЗНОС НА ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНА ТЕТОВО: ТЕУТА АРИФИ ГО ПРЕЗАДОЛЖИЛА ТЕТОВО СО ПОВЕЌЕ ОД 24 МИЛИОНИ ЕВРА

0
1175

“Долгот на Општина Тетово изнесува повеќе од 24 милиони евра, а граѓаните ќе може да ја следат состојбата на бројчаник поставен на плоштадот” – објави новиот градоначалник Билал Касами.

“За да бидеме транспарентни се подготвуваме преку монитор, долгот на општината да биде видлив за граѓаните. Исто така долгот детално ќе биде објавен на веб-страницата на Општината. Поминаа 3 недели и сум ангажиран да се скенира состојбата на Тетово. Жално е како е оставена општината со многу долгови и бројни неправилности во сите области. Граѓаните заслужуваат да знаат што се случува со нашата општина” – рече Касами.
Градоначалникот посочи дека има неколку активности со кои планира да го намали долгот. Веќе ангажирал внатрешна ревизија која детално ја анализира стуктурата на долговите, а според него има задолжувања на Општината за работи кои се преземени досега.
“Во текот на следната недела од кога ќе имаме поконкретна информација, ќе објавам еден значаен дел од долгот кој е направен само преку една институција односно едно физичко лице. Тој дел ќе се намали со обжалување на сите решенија кои се донесени и ќе се ангажира и адвокатска куќа која ќе ги анализира сите постапки односно тоа што не е постапено од Општината и се надеваме дека тој дел кој не е реален, ќе биде тргнат од обврските на општината. Друг дел кој е кон приватниот сектор, таму сум во постојана комуникација со сите приватни оператори кои имаат докажано првична спремност, делот од затезните камати да не го калкулираат и да не го наплаќаат од нас. Исто така се заинтересирани и имаат покажано подготвеност во делот од долгот да го намалат и да оди општината напред” – рече Касами.