СКОПЈАНЕЦ СО ЧАСОВИ ДРЖЕЛ 19 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ВО ВИКЕНДИЦА ВО СТРУШКО

0
761

Триесетгодишен скопјанец е осомничен дека со часови држел во викендица во струшко, деветнаесетгодишна девојка. Скопјанецот е приведен денеска, а инцидентот се случил вчера во вечерните часови.

-Денеска (16.04.2023) полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува МВР.