ДОЛГО Е РАЧЕТО НА ТЕЛЕФОНИСТОТ МИЈАЛКОВ И РЕЖИМСКОТО МИЛЕНИЧЕ ОРЦЕ КАМЧЕВ, ПИПЦИТЕ НА РЕЖИМСКИОТ ОКТОПОД НЕМААТ УСУЛ : Фабриката на Џонсон контролс во Струмица доби нов сопственик – Фирма од даночниот рај Каналските острови

0
3390

Адиент глобал холдингс компанија со седиште во Сент Хелиер, град на островот Џерси, еден од Каналските острови е именуван за нов сопственик на фабриката која што Џонсон контролс ја гради во слободната зона во Струмица, пренесува Емагазин.

Според објавата на Централниот регистар од графата на сопственици е избришана фирмата Џонсон Контролс Инк од Медисон САД и за нов сопственик е назначен Адиент глобал холдингс.14716190_10154680503914074_3861546364714738584_n1-735x400

Името на новата компанија е Адиент аутомотив ДООЕЛ Струмица со адреса ТИРЗ Р-605 Струмица Свидовица.

еМагазин пред објавување на информацијата го контактираше и Џонсон контролс, од каде ни ветија коментар за промените, но до објавувањето не добивме повратен одговор на нашите прашања.

Кои се Каналски Острови

Инаку британските Каналски Острови, Џерси, Гернзи и Сарк се едни од најголемите даночни раеви во Европа. Тие според истражувањето на Tax Justice Network се дом на стотици финансиски институции и осигурителни компании поради едноставните и ниски даноци.

На што резултат е промената?

Оваа промена на сопствеништвото на фабриката која Џонсон Контролс ја гради во Струмица е резултат на одлуката на американскиот конгломерат да го одвои својот бизнис за производство на автомобилски ентериер на глобално ниво.

Според соопштението од Џонсон Контролс, на 8 септември годинава бордот на директори одобрил да го одвои делот за производство на седишта и ентериер за автомобили на глобално ниво. Како што се вели во соопштението трансакцијата ќе резултира со две независни компании Johnson Controls International plc и Adient plc.

Одвојувањето на двете компании се очекува да биде завршено на 31 октомври.

После поделбата, Aдиент ќе биде најголем глобален автомобилси снабдувач на седишта во светот, и ќе ги снабдува сите големи производители на автомобили со опрема. А, Џонсон Контролс според коорпоративното соопштение ќе продолжат да работат како глобален лидер во сферата на градежни производи и технологија, интегрирани решенија и складирање на енергија.

Што најави Џонсон контролс за фабриката во Струмица?

Џонсон контролс во мај годинава постави камен темелник на фабриката која се гради во Струмица. Вкупната инвстиција се проценува на 20 милиони евра и се очекува да бидат вработени 1.500 лица.

Џонсон контролс пред неколку годин отвори фабрика и во слободната зона во Штип каде што се вработени над 1000 лица.

Во новиот производствен капацитет компанијата ќе шие делови за навлаки за автомобилски седишта наменети за европскиот пазар.

Првата фабрика во Македонија американскиот автомобилски конгломерат ја отвори во 2007 година во слободната зона во Бунарџик каде што прозведуваше катализатори за автомобилската индустрија.

Но поради одлуката на Џонсон Контролс да го продадат делот за електроника на глобално ниво, го продадоа погонот во Скопје на компанијата Вистеон Електроникс која пак го згаснува производството во Бунарџик на крајот на годината поради вишок на капацитети на европскиот пазар.

Погонот на поранешен Џонсон Контролс го купи американски Делфај