ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА СО ДЕМАНТ ДО ДКСК: НЕ Е ТОЧНО ДЕКА 13 ГОДИНИ НЕ СМЕ ИЗВРШИЛЕ РЕВИЗИЈА НА РАБОТЕЊЕТО НА ВЛАДАТА

0
637

ДЕМАНТ ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ИНТЕРЕС НА ЈАВНОСТА

Почитувани, Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата, препознатлива по принципите на транспарентно, отчетно и објективно информирање на јавноста и сите засегнати страни, чувствува обврска да даде појаснување во однос на дадената изјава од претставник на Државната комисија за спречување на корупцијата за дневникот на МРТ 1 на 05.09.2022 година.

Изнесениот податок, дека цели 13 години Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ е податок кој е неточен и тенденциозен.

Државниот завод за ревизија согласно законските надлежности, човечките и материјалните ресурси со кои располага за вршење на ревизија, секоја година на транспарентен начин ја носи Годишната програма за работа на ДЗР, без пристрасност и ослободена од влијание од законодавната и извршната власти и истата јавно ја објавува на својата веб страница.

Во зависност од видот на ревизијата, на објективен и вистинит начин, Државниот завод за ревизија дава мислење за различни сегменти и области од работата на Владата на РСМ.

Исто така информираме дека, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата на РСМ е планирана и ќе биде предмет на ревизија на регуларност за финансиските извештаи за 2021 година. https://dzr.mk/sites/default/files/2021-12/Godisna_programa_za_rabota_DZR_2022_godina.pdf

На крајот потенцираме дека, Државниот завод за ревизија, применувајќи ги меѓународните ревизорски стандарди во своето работење, континуирано обезбедува квалитетно работење со што го задржува епитетот на независен и професионален партнер со висок интегритет кој истовремено е носител на напредокот во управувањето со јавните средства, отчетноста и транспарентноста во истите.